Рисима Рисимкин е еден од водечките македонски кореографи. Таа постојано се движи во насока на развојот на современиот танц кај нас. Има направено досега дваесетина авторски проекти, што ја вбројува во најплодните македонски творци во областа на танцот. Нејзините претстави се оценети како “претстава- меѓник на македонската танцова историја” (Дневник Стравински 2004) или “нова ера во македонскиот танц” (МЕМЕНТО 2002), а странската критика ја нарекува “Македонската Пина Бауш”
“. . . Творештвото на Рисима Рисимкин го класифицираме во македонската танцова авангарда која успеа да наметне (понекогаш и по цена на жестоки критики и негации) нови погледи во однос на танцот. . . “
Соња Здравкова Џепароска, “Театарот на почвата на Македонија 20 век
“. . .Водечки критериум за Рисима Рисимкин е визуелниот момент, поради што создава ефектни, впечатливи слики, кои говорат за нејзините режисерски квалитети.. . .”
“. .. Таа тргнува од провокацијата да ги урне концептите на обликување и да понуди нови. . . .” |