Македонија е земја на танцот, на песната, на музиката. Тоа е земја во која луѓето се радуваат и тагуваат низ песна и танц со векови наназад. Како историска раскрсница, низ која поминуваат и се поклопуваат многу патишта, Македонија е место каде што тие, културите, кои тие патишта ги носат, се преплетуваат.
Своето место во областа на танцот, го поставивме на мапата на светски културни случувања преку фестивалот ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ во изминативе четири години, како препознатлив белег на македоснаката современа танцова сцена.
Фестивалот е оформен 2005 година, како продолжение на активностите на уметничкиот директор Рисима Рисимкин, во областа и развојот на современиот танц во Македонија.
Од својот почеток ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ има задача да прикажува современи продукции на Национални балети и други престижни компании од регионот, Европа и светот.
Основната идеја е:
- да се пратат светските тенденции во развојот на современиот танц,
- да се разменуваат искуства со уметници од други културни средини
- да се пласира македонската современа танцова сцена надвор
- да се равива нова, млада публика
- да се едуцира публиката
- да се внесе публиката во процесот на развојот на современиот танц
- да се вклучи македонската танцова сцена во европски проекти
|