ENG
Untitled Document
Dance Fest Skopje Рисимкин Истражувачки Центар Skopje Dance Academy
 
Dance Fest Skopje
 
 
    Програма
    Мисија и визија
  Историја
    Архива
    Прес
 

Фестивалот е основан 2005 година, како продолжение на програмата “Април-месец на танцот!“, која Интерарт културниот центар ја воведе во 2003 година.

Под раководство на уметничкиот директор Рисима Рисимкин, оваа програма од национално случување од областа на танцот, прерасна во Интернационален фестивал ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ во 2005 година.

Во својата програма ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ вклучи значајни Европски и регионални Национални компании, како и повеќе престижни танцови компании кои го негуваат современиот танцов израз.

Советот на фестивалот ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ја доделува единствената Награда за врвни достигнувања во областа на танцот МЕНАДА, во Македонија. Со тоа фестивалот го истакнува местото на уметниците кои допринеле или допринесуваат за развојот на танцот во нашава земја.

Во своето четиригодишно постоење, фестивалот стана препознатлив бренд во Македонија, но и надвор од неа. За фестивалот во повеќе наврати пишуваше најпознатото светско списание за танц DANCEEUROPE, чиј уредник, госпоѓа Ема Манинг, беше во Скопје. Во мајскиот број на списанието во 2008, фестивалот беше ставен на насловна страна, како едно значајно случување во областа на танцот.

 
 
Copyright © Inter Art 2009