|
* Конференцијата „Современиот танц (култура) како фактор на трансформација на општеството“ која се беше одржана од 2 до 5 декември 2009 година, заврши многу успешно со огромен број на посетители.
Со оваа конференција сакавме да укажеме на важноста на современиот танц и култура, како движечки мотор, како отслик на времето во кое живееме, за сеопштиот развој на едно општество, на тесната поврзаност со другите уметности, на сoвремениот танц како фактор за трансформација на општеството.
Во исчекување е публикацијата „На крилјата на танцот“ во која ќе стојат размислувањата на експертите, учесници на конференцијата, а која понатаму ќе можат да ја користат студентите и уметниците.
...
* Во подготовка е Конференцијата на тема “Современито танц (култура) како фактор на трансформација на општеството“ која ја подготвува Интерарт културниот центар и ќе се одржи во ноември 2009.
*
ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ се најде на насловната страна на двобројот јули/август на престижното европско списание DANCE FOR YOU
* Заврши јубилејното издание на ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ 2009.
Со својата програма фестивалот повторно ги освои срцата на македонската публика и донесе свежина во културното живеење на градот Скопје. Извонредните критики, како и посетеноста на фестивалот се нов импулс за дирекцијата да подготви извонредна програма за следното издание во 2010.
Програмата ќе се објави во февруари 2010.
* Рисима Рисимкин работи на подготовка на нов короеграфски проект.
* Делегација на членови на ЦИД УНЕСКО се подготвува за претстоечкиот Светски конгрес на ЦИД УНЕСКО во Малага, Шпанија
* Интерарт културниот центар го издаде зборникот “Уметноста на танцот“, чиј уредник е академик Катица Ќулавкова.
Овој зборник е прва научна книга за танц во Македонија под покровителство на УНЕСКО.
Книгата произлезе од конференцијата за танц “Танцот како експресија на културните разноликости“, одржана во МАНУ во декември 20007 година.
Настанот е поддржан од Министерството за култура на РМ.
|